Прашајте очен лекар и тој ќе Ви каже дека не постои сомневање дека исхраната и очното здравје се директно поврзани. Како и повеќето делови на вашето тело, на вашите очи им се потребни одредени витамини и минерали за врвни резултати. Во секој случај, бидејќи вашите очи се специјализирани, тие имаат различни нутритивни барања кои не секогаш се содржани во диетите.

Според очните лекари, најважната храна за видот е:
- Витамини антиоксиданси: Витамините А, Ц и Е се антиоксидански. Тие се борат со бавното распаѓање на нашите клетки што е био производ од кислородот, со што ја успоруваат макуларната дегенерација поврзана со стареењето.
- Витамин Д: Витаминот Д помага за заштитување на нашите тела од сонцето, нешто што дефинитивно им треба на нашите очи.
- Цинк: Нашите очи се едни од неколкуте делови од телото на кои им е потребен металот цинк за да функдионираат. Храна која е најбогата со цинк е морската храна, говедско и јагнешко месо, пченични никулци, тиква и спанаќ.
- Лутеин и зеаксантин: Овие исто така се викаат и каротиноиди (да, како во морковите) и тие им помагаат на вашите очи при транзиција момеѓу светло и темно, како и гледање низ силна светлина.
- Омега – 3 масни киселини: Омега – 3, најмногу ги има во рибата, помагаат во подмачкување на очите и исто така може да спречат макуларна дегенерација.
No comments:
Post a Comment